Прескокни до содржина
Онлајн софтвер за фактурирање и финансии

Фактури, набавки и сметководство. Сѐ на едно место.

Вие ја водите фирмата, Brojki ги води бројките. Од првата понуда до финансискиот извештај, без рачно препишување и без табели.

Бесплатна регистрација · Без инсталација
Прашање пред да почнете? Пишете ни на info@brojki.com

НАШИОТ РАСТ Бројките зборуваат сами за себе.
310+ Регистрирани компании
9,070+ Документи изработени со Brojki
2,900+ Клиенти што се фактурираат преку Brojki
260+ Проекти што се водат со Brojki

За кого е Brojki?

Како работи вашиот бизнис?

Работите самостојно, со тим или со повеќе клиенти? Погледнете како Brojki може да ви помогне во секојдневното работење.

Бизниси со тимови

Поделете ја работата со тимот и задржете преглед над фактурите, набавките и плаќањата. За секој член одредувате до што има пристап.

  • Улоги и дозволи
  • Проекти
  • Набавки и плаќања

Функции

Повеќе од фактурирање.
Помалку секојдневна администрација.

Од продажбата и набавката до плаќањето и книжењето, податоците се поврзани. Вие имате подобар преглед, а вашиот сметководител уредна евиденција.

Набавки и трошоци под контрола

Од сметка за струја до набавка на стока, сѐ внесувате на едно место. ДДВ се пресметува автоматски. Кога ви треба помош, оставете му на сметководителот да ја провери набавката.

Евиденција на набавки и трошоци

Помалку рачно книжење

Фактурите, набавките и плаќањата се книжат автоматски. Сметководителот добива дневник, преглед по конта и бруто биланс за полесна проверка на работењето.

Финансиски извештаи

Тим со јасни одговорности

Вклучете ги колегите и сметководителот. Со готови или сопствени улоги одредувате кој што може да гледа и да менува.

  • сопственик
  • менаџер
  • сметководител

Проекти и задачи

Поврзете ги фактурите и трошоците со проектот на кој припаѓаат. Доделете задачи и следете што останува да се заврши.

Управување со проекти

Планирајте ги плаќањата

Видете кои обврски доспеваат и планирајте ги плаќањата навреме. Евидентирајте делумни плаќања, аванси и книжни одобренија од добавувачите.

Документите секогаш при рака

Чувајте ги сметките и договорите заедно со набавките и проектите на кои се однесуваат. Пронајдете ги лесно кога ќе ви затребаат.

Знајте што имате на залиха

Следете ги количините и вредноста на залихите низ набавки, продажби и попис. Имајте јасен преглед на движењето на секој производ.

Каталог на производи

Основни средства и амортизација

Водете уредна евиденција за опремата, возилата и другите основни средства. Следете ја нивната вредност и месечната амортизација.

Сметководство и извештаи

Документи во вашиот стил

Оставете професионален впечаток со вашето лого, бои и избран шаблон. Зачувајте го изгледот и користете го за следните фактури и понуди.

  • 7 шаблони

Знајте кој што променил

Проверете кој внел плаќање, изменил документ или променил дозвола. Ревизорската трага ви помага лесно да ја следите работата на тимот.

Клиенти и добавувачи

Чувајте ги контактите, документите и историјата на соработката на едно место. Лесно проверете што е наплатено и што треба да платите.

Управување со клиенти

Како функционира?

Од регистрација до прва фактура.

Четири чекори. Ви треба само е-пошта и основните податоци за фирмата.

Автоматизација

Помалку рачна работа, повеќе време за бизнисот.

Претворете ја понудата во фактура без повторно внесување на ставките. Brojki автоматски ги пресметува ДДВ и вкупните износи според внесените податоци.

  1. 1

    Отворете сметка

    Регистрирајте се бесплатно со вашата адреса за е-пошта.

    Ви треба: е-пошта
  2. 2

    Додајте ја вашата фирма

    Внесете ги основните податоци и логото на вашата компанија.

    Ви треба: ЕДБ адреса лого
  3. 3

    Поставете нумерирање и ДДВ

    Изберете како ќе се нумерираат фактурите и наведете дали фирмата е ДДВ-обврзник.

    Ви треба: нумерација ДДВ статус
  4. 4

    Издајте ја првата фактура

    Подгответе ја фактурата, проверете ја пред издавање и испратете ја по е-пошта.

    Внесувате: клиент ставки

Финансии

Знајте како работи вашата фирма.

Фактурите, набавките и плаќањата стануваат прегледни извештаи. Вие ги следите резултатите, а сметководителот може да го провери секој износ до документот од кој потекнува.

Биланс на успех

Видете колку заработува вашата фирма и кои трошоци најмногу влијаат на резултатот. Споредете ги приходите и расходите со претходен период.

  • Приходи и расходи по конто
  • Добивка или загуба
  • Споредба меѓу периоди
Биланс на успех

Биланс на состојба

Имајте јасна слика за тоа што поседува фирмата и што должи. Од вкупниот износ лесно стигнувате до контото и документите зад него.

  • Средства, побарувања и залихи
  • Обврски и капитал
  • Преглед по конта и документи
Биланс на состојба

ДДВ извештај

Подгответе ги податоците за ДДВ со помалку рачно собирање. Проверете ги износите по стапка, документите и прегледот по полиња за ДДВ-04 со вашиот сметководител.

  • Излезен ДДВ и претходен ДДВ за одбивка
  • ДДВ за плаќање или поврат
  • Преглед по полиња за ДДВ-04
ДДВ за сметководител

Планови

Едноставни цени.
Без скриени трошоци.

Изберете период од 3, 6 или 12 месеци. Сите цени се со вклучен ДДВ.

Бесплатно

Старт

Бесплатно

За првите фактури и понуди, без месечен трошок.

Идеален за: фрилансери и нови фирми

Започнете бесплатно

Што добивате

  • До 10 фактури / месец
  • До 10 понуди / месец
  • 1 член (сопственикот)
  • До 15 клиенти
  • До 25 производи / услуги
Најчест избор

За раст

Плус

800 МКД/мес

Просечна месечна цена

Вкупно за целиот период 4.800 МКД
за 6 месеци

Идеален за: мали тимови што следат набавки и плаќања

Изберете Плус

Сѐ од Старт, плус:

  • До 50 фактури и 50 понуди месечно
  • 2 члена
  • До 100 клиенти и 200 производи / услуги
  • Набавки, трошоци и обврски кон добавувачи
  • Плаќања, аванси и книжни одобренија од добавувачи
  • Проекти и книжни одобренија
  • Сопствени улоги и дозволи за тимот
  • Сите 7 шаблони за документи

За целосна контрола

Про

1.667 МКД/мес

Просечна месечна цена

Вкупно за целиот период 10.000 МКД
за 6 месеци

Идеален за: фирми што сакаат и сметководство во Бројки

Изберете Про

Сѐ од Плус, како и:

  • Неограничени фактури и понуди
  • 5 члена и до 3 сопствени компании
  • Неограничени клиенти и производи / услуги
  • Дневник, конта и бруто биланс
  • Основни средства, амортизација и однапред платени трошоци
  • Девизно работење и курсни разлики
  • Биланс на успех, биланс на состојба и преглед за ДДВ-04
  • Податоци за сметководител во Excel
  • Историја на комуникација со клиенти
  • Испратници

Бројот на членови го вклучува и сопственикот. Секоја компанија има свој план. Приемот на сметки по е-пошта е во пробна фаза, за одобрени корисници на Про.

Не сте сигурни кој план да го изберете? Започнете бесплатно со Старт и преминете на повисок план кога ќе ви затреба.

Поддршка

Дали Brojki е за вас?

Brojki е за вас ако…

  • Редовно издавате фактури и понуди
  • Сакате навреме да ги следите наплатата и обврските кон добавувачите
  • Работите со тим или со сметководител
  • Продавате производи и сакате залихи и испратници на едно место
  • Сакате пристап од каде било — преку компјутер, таблет или телефон, без инсталација
  • Работите на македонски, албански или англиски
Не сте сигурни? Пишете ни на info@brojki.com

Често поставувани прашања

Издајте ја првата фактура денес.

Регистрирајте се бесплатно, внесете ги податоците за фирмата и подгответе ја првата фактура.

Сакате прво да прашате? info@brojki.com · или креирајте пример на фактура без сметка

Бесплатна регистрацијаЗаштитен пристапБез инсталацијаДневни резервни копии
Започнете бесплатно